ВИНАРИЈА МИРОН
Чаша инспирација за подобар ден.
ПАЛЕТА НА ПРОИЗВОДИ
Од грозје до убавина : Истражете ја нашата палета на производи која што освен вино нуди и други задоволства направени од грозје.

Темјаника
0.75L
500 ден

Chardonnay
0.75L
500 ден

Riesling
0.75L
500 ден

Вранец
0.75L
400 ден

Cabernet Sauvignon
0.75L
500 ден

Сок од Грозје
1L
150 ден
Дегустации
Секогаш сте добредојдени во нашата винарија каде што може да ја искусите нашата понуда на квалитетни вина. Ние гарантираме пријатно искуство и атмосфера, каде ќе можете да уживате во разновидноста на ароми и вкусови на нашите домашно произведени вина. Контактирајте не за да закажете дегустација и да ја пробате нашата палета. Ви благодариме за довербата.
Мирон Тасевски, основач и енолог.
ПАКЕТ 1
- Темјаника 2025
- Нишавка 2024
- Вранец 2024 од органски одгледано грозје
- Ладна даска со кашкавали и сувомеснато кои парираат на вината
- Домашен леб од кисело тесто + маслиново масло
25€/лице
ПАКЕТ 2
- Темјаника 2025
- Нишавка 2024
- Мерло 2024
- Вранец 2024 од органски одгледано грозје
- Cabernet Sauvignon Barrique 2021
- Ладна даска со кашкавали и сувомеснато кои парираат на вината
- Домашен леб од кисело тесто + маслиново масло
35€/лице
ПАКЕТ 3
- Темјаника 2025
- Нишавка 2024
- Мерло 2024
- Вранец 2024 од органски одгледано грозје
- Cabernet Sauvignon Barrique 2021
- Избор од 3 домашни ракии
- Ладна даска со кашкавали и сувомеснато кои парираат на вината
- Домашен леб од кисело тесто + маслиново масло
40€/лице
За нас
Традиција и страст
за вкусот
- нашата приказна
Добредојдовте во нашата мала семејна винарија во Скопје! Ние сме семејство со страст за винарство и енологија, што произведува традиционални направени вина, маџун, сок од гроздје и ракија. Нашата винарија е во водство на Мирон Тасевски, млад Енолог, дипломиран земјоделски инженер од областа на Винарство и Лозарство, со искуство во мали аристан винарии, како и големи индустриски винарии во Македонија. Во 2023 година Мирон ја продолжува својата кариера во Нов Зеланд, каде се усовршува во една од најголемите винарии за Сувињон Бланк и стекнува дополнително знаење за водење на една винарија. По враќањето, ја отвора својата винарија МИРОН и максимално се посветува на квалитетот во производството на своите вина. Со грижа и внимание, ги одбираме најдобрите грозја за нашите вина, што ги произведуваме во мала количина за да го задржиме квалитетот. Се радуваме да ви ја претставиме нашата понуда на вина и да ве поканиме да ги истражите вкусовите и аромите на нашите производи. Ви благодариме што го доверувате вашиот избор!
Бесплатна испорака
Скопје
Испорака во период од
1-3 дена
подготвена со внимание
Од грозд до напиток
Направено на традиционален начин
За совет и препорака
+ 389 75 336 482
